Под водство на Шпанецот Чаби Алонсо, Баер Леверкузен игра неверојатна сезона. „Фармацевтите“ во големото дерби со шампионот Баерн Минхен славеа убедливо и лесно со 3:0, се одлепија на 5 бода на врвот на табелата пред Баварците и го запишаа 31-от меч без пораз во сите натпреварувања. Имаат 27 победи и четири нерешени а следниот викенд играат против Хајденхајм на гости.
Стрелци на головите за Баер Леверкузен во историскиот триумф над Баерн Минхен беа Јосип Станишиќ во 18' минута, Алекс Грималдо во 50' и Џереми Фримпонг во 90+5' минута: