На 10 јануари 2020 Фиорентина го позајми Патрик Кутроне од Вулверхемптон на 6 месеци со право на откуп. Но пред крајот на јануари „волците“ го вратија играчот и ја тргнале клаузулата за право на откуп поради повредата на нивниот прв центарфор Раул Хименез.
Италијанецот само 4 пати играше и тоа повеќе од клупата за резерви во Премиер лига и во ФА Куп.
Иако управата на Вулвс планирала Кутроне да остане во клубот до крајот на сезоната, во меѓувреме го доведоа Вилиан Жозе од Реал Сосиедад на позајмица и Кутроне пак беше прекуброен.
На крај детето на Милан отиде во Валенсија каде Вулвс го позајми до крајот на сезоната (до летово).
Патрик стигна веќе и да дебитира за новиот клуб.
Во сезоната 2020/2021 Кутроне во само 2 месеци играше за 3 клуба: на 19 декември му беше последниот настап за Фиорентина, во јануари 2021 се врати во Вулвс и одигра 4 меча а на 7 февруари ги запиша првите минути за Валенсија.
Ова е дозволено откако ФИФА во јуни минатата година по консултаија со федерациите, реши привремено да ги смени правилата поради долгата пауза која многу лиги ја имаа заради пандемијата.
До крајот на сезонава 2020/2021 играчи можат да бидат регистрирани и да играат за 3 клуба.