На Местаља се делат пакети со храна, дуелот со Реал и официјално е одложен

Стадионот на Валенсија е претворен во центар за собирање храна и помош за настраданите од страшните поплави кои го погодија југоисточниот дел од Шпанија. Бројот на жртви е скоро 100.

Шпанија е во хаос и до денеска брои минимум 95 жртви од поплавите невидени со децении, а на Валенсија која исто така е погодена, не и е до фудбал.

Натпреварот меѓу Валенсија и Реал Мадрид кој требаше да се игра во сабота е одложен, а на стадионот Местаља се дели помош за настраданите.

Од клубот каде настапува Столе Димитриевски соопштија дека волонтери ќе собираат донации како храна, облека и други потреби. 

„Клубот го става својот стадион на услуга на градот за да се соочи со вонредната состојба предизвикана од ДАНА.

Валенсија се придружува на механизмот за итна помош активиран од Valencia Food Bank и го претвора Camp de Mestalla во депозит за храна и основни предмети.

Почнувајќи од 30 октомври во 17:00 часот, волонтерите од банката за храна во Валенсија ќе собираат придонеси од граѓаните за да им помогнат на сите погодени од ДАНА која од вчера ја погоди провинцијата Валенсија“, стои во соопштението на Валенсија која посочува да се избегнува излегување на пат поради тоа што на многу места и да не врне, има акумулација на вода, а повеќето патишта се затворени или поплавени.

Шпанската провинција Валенсија е погодена од најсмртоносната природна катастрофа во последните четири децении. Сè уште се трага по десетици луѓе, а на многумина им се уништени куќите. 

Денешните настапи на локалните фудбалски и кошаркарски клубови се исто така откажани. Прогласена е тридневна жалост. 

Погодени се и многу мали маста, како на пример Чива, каде е прелејана реката Рамбла дел Појо и има неверојатно 400 литри вода на метар квадратен.

Снимка од местото Летур

31 октомври 2024 - 14:06