Валенсија прими 5 од Барса, а Столе спречи да не бидат 7

Фудбалерите на Валенсија не поминаа добро дома против силната Барселона. Резултатот на средбата го отвори и го затвори Јамал со голови во 6` и 84` минута. Стрелаа и Фермин, Рафиња и Педри за конечни 0:5. Столе Димитриевски беше немоќен. Но сепак се истакна со две одлични интервенции. Првата маестрална на удар на Ламин Јамал. Љиљаците се без победа по првите 4 кола во Ла Лига.

7 септември 2026 - 08:09