
Столе Димитриевски прими гол за Македонија после 711 минути и со тоа ќе биде запишан како рекордер.
Секунди го делеа чуварот на Македонија од победа од 1:0 и зголемување на рекордот, но не успеа.
Ова е всушност најдолгата низа без примен гол во историјата на македонската фудбалска репрезентација.
Серијата почна во септември минатата година против Фарски острови, а продолжи против Ерменија дома и Летонија на гости, со Фарски острови дома и на гости против Лихтенштајн во саботата.
Инаку и втората и третата најдолга низа без примен гол се на Столе, но се двојни пократки. 326 и 301 минута. Се работи за натпреварите одиграни во 2018-та година.
Цел стадион ракоплескаше во 59-та минута за 59-те жртви во Кочани