Цел стадион ракоплескаше во 59-та минута за 59-те жртви во Кочани
Емотивен момент се случи на вечерашниот натпревар меѓу Македонија и Велс. Во 59-та минута цела публика стана да аплаудира за трагично загинатите во дискотеката во Кочани. На нозе беа и легендите Горан Пандев и Илија Најдоски, како и првиот човек на ФФМ, Масар Омерагиќ.