Таг: столе димитриевски

Браво за Столе, ги шие сите голмани во Шпанија сезонава

Покрај за Македонија, Димитриевски брани во топ форма и во клупска конкуренција, а тоа одлично се гледа и по резултатите на неговиот тим. Оваа сезона има примено помалку голови од Тер Штеген и Јан Облак, а Рајо е на фантастичната четврта позиција пред Атлетико и Барса.

Дамјан Шишковски му донесе среќа на Столе

Вториот голман на македонската фудбалска репрезентација беше во исчекување, а првиот се фрли пантерски, му ја скроти топката на Депај и го отпиша Куман од Барселона. Да погледнеме зошто е битно да снима Дамјан.

Статуа за Дон Столе Димитриевски кога ќе освоиме ЛШ во 2050-та

Рајо слави голема победа над Барселона, прва после две децении, ама слават и навивачите на Барселона за отказот на Роналд Куман.

Столе јунак против Барселона, му одбрани пенал на Депај

Рајо Ваљекано се израдува на голема победа против каталонскиот тим, прва по пауза од 19 години. Мечот го реши Радамел Фалкао, а работата ја доврши Столе Димитриевски со херојска одбрана од 11 метри и „го избрка“ Роналд Куман од кормилото.

Лука не се метнал на татко му Зидан, направи кикс па Столе го менуваше

Лука Зидан (роден 1998-ма кога татко му Зизу жареше и палеше на Светско првенство и даде два гола во финале против Бразил) е голман кој досега бранеше во Реал Мадрид Б и Расинг Сантандер, а од октомври 2020-та е во Рајо Ваљекано каде за место се бори со нашиот Столе Димитриевски.

Мајорка, Леванте и Рајо добро се офајдија од Македонија на ЕП

Македонската фудбалска репрезентација дебитираше летово на Европското првенство кое се одигра во 12 земји, а од историското учество ќар имаа и три екипи од Шпанија.

Видовте ли кој е голман број 2 во групната фаза според одбрани?

Позитивниот впечаток кој го остави Македонија на дебитантското Европско првенство го измерија по повеќе параметри, а меѓу нив не смееме да го заборавиме и голманскиот.

Ноер ли е, Столе ли е?

Ги критикуваа дека бил киксер, но Столе Димитриевски беше една од нашите најсветли точки на Европското, прогласен за најдобар голман во второто коло, како и прв и за сега единствен со одбранет пенал. Погледнете го сега во една друга улога. Пасов до Елмас е лудило.

Столе е број 1 голман на Европското

Остајте ги на страна малку Ноер, Облак, Куртоа, Тер Штеген, Донарума и компанија и напревете место наш Столе да помине.

Одбраната на Столе од пенал и шансата на Адеми

Македонија одигра многу содржински натпревар, неспоредлив со оној првиот, па затоа репрезентативците беа дополнително разочарани што не успеаа да стигнат барем до бод. Притисок пред голот на Украина, поништен гол на Пандев, јака акција на капитенот со Адеми...

Столе проба со Меси еден на еден ама...

Со головите на Де Јонг и Меси, Барселона го елиминираше Рајо Ваљекано во Купот на Шпанија. Домаќините поведоа, но не успеаа да го изненадат големиот фаворит кој во судиско имаше чиста шанса за 1:3. Меси го легна голманот на Македонија, ама потоа не ја шутна кога требаше.

Види го ти Столе бранење пенал

По лавината критики во јавноста за киксевите во дресот на македонската репрезентација, Столе Димитриевски покажа дека не е баш таков голман како што многумина мислат кај нас. Рајо Валјекано славеше 2:0 над Фуенлабрада во втората шпанската лига, а Столе на 0:0 го спаси голот со прекрасна парада.

Како би го викале Столе во Битола?

Го напушти шеснаесетникот, мислиш Ноер е и со цел памет намерно со рака ја удри топката и плус го лажеше судијата дека не било рака. Со Косово па не ни ја исфрли, ни ја земаа и ни дадоа гол, а се сеќавате со Ерменија на претходните Лига на нации? Со право го мајтапат. Многу киксови во низа.

Македонија - Грузија, 2 епизода 1:1 - следи 3 дуел за Европско

Во 4. коло од Лига на нации, Македонија ремизираше 1:1 (0:0) со Грузија и освои важен бод, особено ако се знае дека повеќе од 20 минути игравме со играч помалку поради глупоста на Столе Димитриевски.

Херојската одбрана на Столе во 95-та

Воопшто не беше комотна предноста на Македонија од 2:1 и за влакно ќе продолжевме со губење нерви во продолженија два пати по 15 минути ако Косово го реализираше зицерот во финишот. Но Димитриевски нè спаси од тие непотребни луксузи.

Столе џабе бранеше одлично на мечот кој го прекинаа левичарите од Рајо Ваљекано

Во неделата вечер, напаѓачот на шпанскиот второлигаш Албасете, Украинецот Роман Зозулија дојде на гостување кај клубот кој пред три години на барање на навивачите се откажа од договор со него поради некои негови ставови.

Столе манија меѓу навивачите на Рајо Ваљекано

Еден од двајцата Македонци кои имаат чест да играат во лигата на мега популарните Барселона и Реал е всушност еден наш одличен голман и скромен кумановец кој оди на стадион со метро. Навивачите на Рајо се пресреќни за неговиот договор. На еден му е направен (тиииит) од возбуда.

Столе дебитираше за Рајо и прими два гола

Додека офанзивците на македонската репрезентација (Трајковски, Пандев, Несторовски, Тричковски) играат добра сезона и даваат голови, нашиот прв голман Столе Димитриевски синоќа го имаше дебито за својот клуб Рајо Ваљекано и прими два гола.

Кариус може да одмори, во Европа се збори за Столе

По „историскиот“ настап на германскиот голман во финалето на ЛШ меѓу Ливерпул и Реал Мадрид, немаше ден а некој да не го закачнеше Лорис Кариус. Сега големите европски медиуми имаат нов миленик - нашиот голман Димитриевски.