Еден од најпознатите сајтови за фудбалска статистика, whoscored, ептен пријатно изненади со една од последните објави во врска со шпанскиот фудбал. Во топ 11 играчи на полусезоната во Ла Лига се наоѓа Столе Димитриевски.
Во страшна конкуренција каде бранат голманишта како Куртоа, Облак и Тер Штеген, замислете статистички тој во моментов е голман број 1, а во најдобриот тим се наоѓа со силно друштво со дури петмина играчи на Реал Мадрид.
Столе има вкупна оценка од 6,9 после сите одлични партии изминативе четири месеци. Највисоките оценки ги доби на средбите против Реал Сосиедад (8,39) и Хетафе (8,28), а на дуелот против Барселона му фати пенал на Депај, клучен за бркањето на Роналд Куман.
За чуварот на македонската репрезентација ова е големо признание и можност за качување на цената, која според Трансфермаркт во моментов му изнесува 1,5 милиони евра.
Тој во моментов има применo 18 гола на 18 средби, 49 интервенции, 5 меча без примен гол и 2 одбранети пенали.
Со оваа фантастична статистика, во трка е и за уште едно признание, а тоа е она на Марка, која ја доделува наградата „Замора“ за најдобар голман во Ла Лига. Традиција стара од 1958-ма година.
Во моментов подобар од него е само Тибо Куртоа кој има примено 15 гола на 18 натпревари и кој оваа награда ја освои во сезоната 2019/2020. Лани победник беше Јан Облак со примени 20 гола на 18 натпревари, инаку еден од тројцата рекордери со по пет трофеи, заедно со Виктор Валдес и Антони Рамалетс.
🧤 @Dimitrievski1 sigue entre los mejores porteros de @LaLiga en la clasificación para el Trofeo Zamora (vía @marca) 👇
— IAM Sport Solutions (@iamSport_es) December 15, 2021
1️⃣7️⃣ partidos
1️⃣8️⃣ goles recibidos
4️⃣9️⃣ paradas
0️⃣5️⃣ porterías a cero
0️⃣2️⃣ penaltis parados
¡A seguir así! 🔐⚡ #SD1️⃣3️⃣ #IAmPlayer pic.twitter.com/YdcfOigjPS
Инаку Рајо Ваљекано игра топ сезона и котира високо на четвртата позиција со 30 бодови на +1 од Атлетико Мадрид и +3 од Барселона. Благодарение на одличниот Столе има примено помалку голови од овие две екипи на кои секогаш императивот им е титулата.
Најсилната страна им е домашниот терен на кој имаат импресивен скор од 8 победи и 1 реми и само 3 примени гола. Идентичен скор по 9 одигра кола дома има и еден ПСЖ. Рајо е подобар од Сити и Баерн кои имаат дома по еден пораз, како и од Реал кој има 6 победи и 3 нерешени.
Димитриевски неодамна стигна до 100 меча во дресот на Рајо и посака уште најмалку 100 за овој мадридски клуб, негов четврти по настапите за Гранада, Кадиз и Гимнастик.
Статуа за Дон Столе Димитриевски кога ќе освоиме ЛШ во 2050-та