Барселона е анемична со Роналд Куман, особено откако останаа без Меси во тимот, но навивачите бараат игра, реализација и резултати, а нема ништо од тоа.
Синоќешниот пораз од Рајо Ваљекано после оној на Ел Класико, очигледно го посакуваа за да не го гледаат повеќе холандскиот стратег на клупа.
Меѓу најироничните коментари на навивачите на Барса го издвојуваме овој, кој со возвишување му се заблагодари на голманот на Македонија за одбранетиот пенал.
„Тој е човекот. Тоа е личноста. Тој е генијот. Запамтете го.
Кога ќе ја освоиме шестата титула во ЛШ во 2050-та, мора да му направме статуа. Дон Столе Димитриевски. Човекот кој му го одбрани пеналот на Мемфис и го исполни сонот на сите Каталонци. Денес и секогаш, Столе е еден од нас“.
Él es el hombre. Es la persona. Es el genio. Acuerdense de él. Cuando levantemos la sexta allá por 2050 debemos esculpirle una estatua. Don Stole Dimitrievski. El hombre que le paró el penalti a Memphis y cumplió el sueño de todos los culés. Hoy y siempre Stole es uno di noi. pic.twitter.com/JKjzBn0aGZ
— Adri (@ADRI11SZ) October 27, 2021