Нерешениот резултат на Рајо Ваљекано против Барселона се врзува со двете претходни нивни пресметки од минатата сезона и се добиваат три натпревари по ред без примен гол.
Рајо ги шокираше каталонците два пати со 1:0, а синоќа им одигра 0:0 за што српски Блиц отиде со наслов:
„Бајка на Македонецот. На три меча по ред не прими гол од Барса и со 10 одбрани исмеја 153 милиони евра“ (мислејќи на засилувањата).
Главна тема за обработка на статистичарите им беше токму Столе, кој внимавајте добро, после 50 години станал прв голман кој успеал да го сочува несовладан својот гол на Камп Ноу на две средби во низа.
Димитриевски ги одбрани сите 10 удари на изминативе три првенствени соочувања со Барселона, а синоќа беше прогласен за МВП.
⚠️ | QUICK STAT
— SofaScore (@SofaScoreINT) August 13, 2022
Stole Dimitrievski has now saved each of last 10 shots he faced against Barcelona since the start of the 2021/22 LaLiga campaign.
After two clean sheets last season, Rayo Vallecano's GK produced another impressive display at Camp Nou tonight. 👏👏#BarcaRayo pic.twitter.com/KaJ4MyDKik
100% - Stole Dimitrievski 🇲🇰 has saved all 10 shots on goal he has faced in his three LaLiga games against Barcelona since last season. Wall. pic.twitter.com/0kXVVLlWcW
— OptaJose (@OptaJose) August 13, 2022