Столе Димитриевски е промовиран во нов член на шесткратниот шпански првак, Валенсија со кој потпиша договор до 30 јуни 2026-та.
Пристигна како слободен агент од Рајо Ваљекано во кој се докажа како одличен голман и еден од најдобрите во Шпанија. Бранеше шест сезони од кои четири во Ла Лига и беше незаменлив меѓу стативите со фантастички партии и против фаворити како Барселона.
Валенсија ќе му биде петти шпански клуб во кариерата. Пред Рајо беше дел од Гимнастик, Гранада и Кадиз, а во Шпанија пристигна во 2012-та после две сезони во Работнички каде ја почна кариерата на 17 години.
„Среќен сум што ќе бидам дел од клуб со голема традиција. Она што најмногу ме импресионира е стадионот „Местаља““, рече Димитриевски на првата средба со новинарите кои го бркаа уште на аеродром.
Инаку се појави во црно и бело, клупски бои на Валенсија и сега останува да се види дали ќе биде прв голман.
Тоа веројатно ќе зависи и од иднината на Грузиецот Георги Мамардашвили за кој се зборува дека е пред трансфер во Премиер лигата.
Валенсија има 6 титули и 8 Купови, како и 5 европски трофеи. Последната најуспешна сезона им беше 2003/2004 кога ги освоија Ла Лига, Куп на УЕФА и Супер Куп на Европа.
☕ New goalie in the office!#VCFDNA pic.twitter.com/PpimZUspjd
— Valencia CF (@valenciacf_en) June 12, 2024
DIMITRIEVSKI ARRIVESpic.twitter.com/T86IzRq4m0
— Valenciacf in English 🦇 (@ValenciacfAR_En) June 11, 2024
🔴#MARCADOR con @marcosbernat_
— Radio MARCA (@RadioMARCA) June 11, 2024
🦇Fichaje inminente de 𝐃𝐢𝐦𝐢𝐭𝐫𝐢𝐞𝐯𝐬𝐤𝐢 como primera incorporación del Valencia en este verano.
📹 @LucoCortes pic.twitter.com/WliomVoUMz