Клубот од Местаља на социјалните мрежи ги издвои најатрактивните потези на Валенсија за изминатата сезона. Во големиот избор на јаки интервенции на Димитриевски, ја истакнаа онаа на гостувањето против Севиља, каде нашиот голман блесна. Иако сезоната ја почна на клупата, потоа целосно го искористи отсуството на повредениот Јулен Агирезабала и стана една од клучните фигури во борбата за опстанок.