Во меморандум од штабот на Ромни, објавен од Њујорк Тајмс, се очекува кампањата на Републиканците да добие околу 500 милиони долари од големите донатори и уште дополнителни 300 милиони од малите донатори.
Во овие 800 милиони се пресметани и 86-те милиони долари што Ромни ги собра за време на партиските избори за републиканските претседателски кандидат.
Ромни очекува да ја комплетира милијардата за претседателските избори со 200-те милиони што ги чекаат од Super PAC-ови.
Според Републиканците, Обама на изборите ќе потроши исто околу 1 милијарда долари. Ова веднаш беше негирано од штабот на Обама, од каде објаснуваат дека високата проценка единствено има за цел да ги мотивира конзервативните донатори и да ги убеди поддржувачите на Обама, дека нема потреба повеќе да донираат.
Инаку, во 2008-ма, републиканскиот против кандидат Џон Меккејн, успеа да собере 383 милиони долари за финансирање на кампањата.