Во август Ненад по трет пат во својата кариера ќе се најде на најголемата спортска манифестација во светот во друштво на врвните ѕвезди.
„Досега сум ги видел Надал, Федерер и Мареј. Бев на доручек со Ана Ивановиќ со која зборувавме за отворањето на Игрите, се запознав и со Новак Ѓоковиќ, Коби Брајант, Милорад Чавиќ. Најдраго ми беше во друштво на Хрватката Бланка Влашиќ, светската и олимписка шампионка во скок... Тоа е преубаво доживување и ми требаше неколку денови да се увервам дека со моите резултати сум во таа група на спортисти и дека тоа е нормално“, раскажува Ненад за Н1.
По професија и образование е професор по физички воспитувње, по искуство во спортот трикратен учесник на ОИ, но тоа не му било доволно да најде работа во струката. Работи во фабрика каде добил неплатено отсуство за да ги заврши подготовките за Рио на Власинското езеро. Колегите собрале пари да му помогнат.
„Не е воопшто лесно кога ќе го оставите семејството, а не знаете дали имаат услови нормално да преживеат. На лента во фабриката работев по осум часа. Имав и ноќни смени по осум часа. Тешко е да се вклопат работата, тренингот, семејството. Сево ова го правам волонтерски, немам никакви примања, никаква финансиска помош и тоа најтешко ми паѓа, затоа што моите блиски трпат околу моите тренинзи, имаат разбирање а јас не можам да им вратам“, додава Ненад за Блиц.
На Власина ќе биде вкупно 50 дена, тренира и по два пати дневно. Поради природните карактеристики, Власина е идеална за подготовки на спортистите. Единствениот нишки Олимпиец ќе се натпреварува на 19. август а после Пекинг и Лондон вели дека после Рио ќе се прости од Олимпските Игри.
Најтешко од се му паѓа што не може да работи по струка:
„Не го занемарив образованието, па во 2004. година го завршив Факултетот за физичка култура и спорт во Ниш. Меѓутоа оттогаш никој немаше слух за мене и не сакаше да ми помогне да се вработам. Повеќе пати им се обраќав на градските власти за помош околу вработувањето, но ништо. Како некој кој ја претставувал државата заслужувам да ми се помогне.
Од градот Ниш добил 150.000 рс динари (75.000 мкд денари).
„Општината Медиана и Паркинг сервисот лани финансиски ми помогнаа да одам на квалификациониот турнир и овојпат им се заблагодарувам затоа што без таа помош тешко ќе се квалификував на Олимписките Игри во Рио", заклучува 38-годишниот Ненад Филиповиќ.