Угледниот американски NPR се придружи на долгата листа сајтови кои ја укинаа можноста на читателите да коментираат под нивните статии. Откако пробуричкале во импозантните бројки, го сфатиле ноторниот факт дека целата бучава ја прават мала група луѓе; па ете им го ним Фејсбук да си вадат очи (нагалено: дебатираат).