Пентагон веќе работи на тоа како на идните фронтови да распореди јата од илјадници дронови контролирани од вештачка интелигенција. Освен Американците на слични технологии веќе работат и Кинезите и Израелците.
Во говор од август годинава, висок функционер на Пентагон објаснува како споменатите јата дронови би им помогнале на САД за надоместување на бројчаната предност што ја има кинеската армија во оружје и луѓе.
„На масовноста на кинеската армија ќе се спротивставиме со наша масовност, но нашата ќе биде потешка да се предвиди, потешка да се погоди, потешка да се победи,“ изјавила заменичката секретар за одбрана на САД, Кејтлин Хикс.
Друг функционер на Пентагон за Њујорк тајмс објаснил дека ВИ дроновите ќе мора да имаат капацитет сами да носат смртоносни одлуки додека се под човечки надзор.
„Индивидуалните одлуки наспроти не носењето индивидуални одлуки е разликата меѓу победа и пораз - а ти нема да решиш да изгубиш.
Не мислам дека луѓето против кои ќе се бориме би го направиле тоа, и тоа би им дало огромна предност ако ние самите си ставиме такво ограничување,“ изјавил секретарот на американската воена авијација, Френк Кендал.
Њу сајантист во октомври објави дека САД веќе имаат испратено ВИ дронови на фронтот во Украина, но за сега не е познато дали „тие преземале мерки кои резултирале со човечки жртви“.