Понудата од производителот на Рипер, Генерал атомикс, вклучува и контролни станици за управување на дронот речиси секаде, меѓутоа Киев за тоа ќе треба да плати околу 10 милиони долари за подготовка и испорака на леталата, плус по 16 милиони долари за годишно одржување на двата дрона.
Белата куќа која мора да даде одобрување за продажбата за сега одбива да коментира, исто како и Генерал атомикс од каде изјавуваат дека веруваат дека „на Украина и се потребни капацитети како Рипер, и тоа што поскоро“.
За разлика од Риперот кој е прописен дрон со распон на крила од 20 метри, кој може да биде вооружен со ракети и може да лета над 24 часа без престан, САД до сега на Украина и имаат испорачано над 700 помали дронови, вклучително и Свичблејд дронови, кои не можат да бидат вооружени.
Освен можноста за вооружување Рипер дроновите имаат опција и за надзор и извидница, и ќе им дозволи на Украинците да вршат напади и надзор од безбедна дистанца. Претходно, Белата куќа одби да испрати во Украина Греј игл дронови, помалиот модел од Рипер исто така произведен од Генерал атомикс, од страв дека чувствителна опрема би можела да падне во руски раце.