Информацијата на Шпигел е дека руската војска разговара со кинескиот производител на дронови Шиан Бинго Интелиџент Авиејшн Технолоџи, околу потенцијалното масовно произведување на камикази дронови за потребите на Русија.
Бинго веќе прифатиле да произведат и да пуштат на тестирање 100 ЗТ-180 дронови кои се со капацитет да носат воени глави од 35 до 50 килограми. Се очекува дека дизајнот на овие дронови би бил сличен со оној на иранските Шахид 136 камикази дронови.
Дополнително, Бинго наводно планира да и испорачува компоненти и знаење на Русија за земјата да може да почне сама да произведува по околу 100 дронови месечно.
На страна воената соработка, германската влада тврди дека Кина веќе и испорачува комерцијални дронови на Русија, кои можат да бидат искористени и за извидница од руските сили во Украина. Наводно овие дронови се испорачани во Русија преку компании за увоз-извоз од Обединетите арапски емирати но во кинеска сопственост.
Кинескиот коментар на овие обвинувања е дека „е познат факт дека НАТО државите, вклучително САД, се најголемиот извор на оружје на украинскиот фронт.“