Кина го ограничи извозот на делови за дронови кон Западот

Како дел од ескалирањето на трговската војна, Кина одлучи да го намали извозот на компоненти кои се клучни за европското и американското производство на дронови.

Оваа одлука Блумберг ја толкува како најава за пошироки ограничувања на извозот на делови за дронови што се очекуваат да започнат во новата година.

Новите правила би можеле да бидат во форма на лиценци за извоз базирани на намената на овие компоненти или пак само задолжително известување на владата за намерата овие компоненти да се извезат.

Пред оваа одлука Вашингтон реши да воведе нови забрани за извоз на Кина, овој пат на продажбата на мемориски чипови со висока брзина и дополнителна опрема за чипови.

Кинеската забрана главно се однесува на мотори, батерии и контролери за летање.

Претходно Кина го забрани извозот на компоненти за дронови во САД кои се со двојна намена, и воена и цивилна, и се однесуваше на три американски компании кои работат и за Пентагон.

Кина моментално запоседнува околу 80% од пазарот на комерцијални дронови.

Токму кинеските компоненти се клучни и за украинското производство на евтини дронови кои се покажаа како крајно ефикасни во војната против Русија.

Надежта на западните аналитичари е дека кинеската блокада ќе биде искористена за нов бран на конкуренција од производители од Кореја или Јапонија.

11 декември 2024 - 11:16