Се работи за сезоната 2010/2011 кога ждрепката и календарот донесоа луд и незаборавен распоред не само за Барса и Реал и нивните навивачи, туку за секој што следи фудбал. Распоред кој го парализираше фудбалскиот свет.
Ел Класико беше на програмата на 16, 20 и 27 април и на 3 мај. Четири пресметки вредни три трофеи. Се бореа за шампионската титула, Копа дел Реј и плус се вкрстија во полуфиналето на Лига на шампиони.
Со Пеп Гвардиола во 2008-ма почна нова ера во каталонскиот тим, која ќе остане запаметена како историска. Со страшен тим предводен од Чави, Иниеста, Пујол и Меси го понижија Реал Мадрид на Бернабеу со 2:6.
Летото 2009-та на чело на Реал Мадрид се врати Флорентино Перез кој почна со скапите трансфери како оној на Роналдо од Манчестер Јунајтед вреден скоро 100 милиони евра.
По една година транзиција, за да му се спротистави на најголемиот
ривал, за тренер го ангажираше Жозе Мурињо, човекот кој една година претходно ја сопре Барса.
Тоа го стори како предводник на Интер кој во полуфиналето на ЛШ ја елиминираше среде Камп Ноу, кога трчаше по цел терен.
Првата Ел Класико пресметка беше кошмар за Кралевите, бидејќи на 29 ноември 2010-та, на Камп Ноу пукна петарда. Историски
дуел меѓу Мурињо и Гвардиона, Меси и Роналдо и општо меѓу сите големи имиња на терен. Меч со многу тензија и црвен картон за Рамос.
Ривалството продолжи на пролет кога за прв пат во историјата им се падна да се соочат четири пати во три недели.
Резултатот на крај 2:1 за Барселона, ама големи 2:1, бидејќи ја освоија титулата во Ла Лига и ги елиминираа во ЛШ, а потоа го кренаа и пехарот. Реал мораше да се задоволи само со Купот.
Војната не се водеше само на терен, туку и преку медиумите преку изјавите на двајцата славни тренери. Прејако видео со дерби пресметки кои носеа многу набој.