На денешен ден пред 14 години, Сантијаго Бернабеу му аплаудираше на Роналдињо

Иако Флорентино направи „Галактикос“ со Роналдо (Бразилецот), Зидан, Робињо, Бекам, Раул, Барселона дојде на Бернабеу во уште пострашен состав: Деко, Чави, Меси, Ето, Роналдињо. Кој од кој појезив за чување на теренот. Роналдињо тогаш направи дар-мар, Каталонците глатко славеа 0-3 а илјадници на стадионот во Мадрид стоечки му аплаудираа на големиот мајстор од ривалскиот клуб.