Таг: галактикос

На денешен ден пред 14 години, Сантијаго Бернабеу му аплаудираше на Роналдињо

Иако Флорентино направи „Галактикос“ со Роналдо (Бразилецот), Зидан, Робињо, Бекам, Раул, Барселона дојде на Бернабеу во уште пострашен состав: Деко, Чави, Меси, Ето, Роналдињо. Кој од кој појезив за чување на теренот. Роналдињо тогаш направи дар-мар, Каталонците глатко славеа 0-3 а илјадници на стадионот во Мадрид стоечки му аплаудираа на големиот мајстор од ривалскиот клуб.

Дискретниот херој Естебан Камбијасо ја заврши кариерата

Во ера кога секој месец вртоглаво растат милионите на трансфер-пазарот, еден играч играше за големите европски клубови кои не мораа да дадат ниту една банка за неговиот потпис туку доаѓаше без обештетување. Ќе остане запаметен по прекарот Сенатор и трофејот во ЛШ со Интер.