Бранителот на титулата во Шпанија се помачи во првото коло од новата сезона на гостувањето против Алмерија. Губеа 1:0 по само 6 минути игра, а Анчелоти почна без Модриќ, Каземиро, Алаба. Им ја свртија во второ, благодарение на евроголот на стоперот на Австрија кој погоди само 28 секунди откако влезе во игра.