Реал Мадрид е неприкосновен, по 15-ти пат е на тронот на Европа

Никој во догледно време нема да може да го стигне кралскиот клуб по бројот на титули во ЛШ бидејќи има вкупно 15. Втор е Милан со 7, Баерн и Ливерпул имаат по 6, а Барселона 5. Со головите на Карвахал во 74-та и Винисиус во 83-та, на Вембли падна Борусија Дортмунд за шести трофеј во последните 10 години (2014, 2016, 2017, 2018, 2022, 2024) и тотална доминација. Три од нив со Зидан и три со Анчелоти.

2 јуни 2024 - 00:42