Јутјуб каналот на Лацио нè врати точно 17 години назад на еден незаборавен меч за сите македонски почитувачи на ликот и делото на големиот Горан Пандев.
Денешните тинејџери не се свесни каква партија имаат пропуштено од струмичанецот, на кој сигурно ова му е една од најјаките натпревари во кариерата.
Реал Мадрид во Рим пристигна со страшен состав и имиња како Касиљас, Рамос, Канаваро, Раул, Робен, Снајдер, Ван Нистелрој, за потоа од клупа да влезат Игуаин и Савиола.
Лацио на гол со 43 годишниот Марко Балота и со не баш славни имиња како Стендардо, Крибари, Мудингаи, Мутарели, Маури, Ѕаури.
Фаворитската улога беше на страната на Реал Мадрид, но свој ден имаше Горан Пандев кој со две мајстории го матираше Касиљас како одговор на двата гола на Ван Нистелрој, за конечни Лацио - Реал 2:2.
Уживајте:
Foto: EPA