Скандалозниот момент се случи во 13-та минута од судиското продолжение кога поради едно невнимание на судиите, мечот не отиде во продолженија.
Матијас Де Лихт постигна гол за 2:2, но Симон Марчињак ја прекина играта поради наводна офсајд ситуација. Но на забавената снимка се гледа дека стоперот на Баерн не игра со топката, туку Нусаир Мазрауи кој инаку не се наоѓа во офсајд.
Грешката оди на душа на главниот судија, бидејќи не дозволи акцијата да продолжи, а потоа ако има потреба да ја прегледа судијата на ВАР.
Де Лихт изјави дека добил извинување од линискиот судија за грешката, а Томас Тухел рече дека ова не би им го направиле на Реал.
„Ако е офсајд океј, но мислам дека има правила во фудбалот кои велат дека ако нема чист офсајд, како што се случи, играта треба да продолжи. Мислам дека ова е голема грешка. Ако не провериш како ќе знаеш дали е офсајд. Ова е срамота. Линискиот судија ми кажа: Извини, направив грешка“, изјави по мечот Де Лихт.
„Мислам дека е многу јасно дека ова е против сите правила на модерниот фудбал. Прво голема грешка од линискиот судија. Крева знаменце во ситуација во која никогаш не можеш да бидеш сигурен дали е офсајд, а тоа е голема грешка. Кога главниот судија забележа дека наш играч го доби воздушниот дуел, а потоа имавме шут, имаше шанса да не свирне, а тој свирна. Прифаќавме, загубивме, тоа е што е, но ова не би се случило на спротивната страна“, вели разочараниот Тухел
🚨 Thomas Tuchel on referee’s mistake: “This would not have happened on Real Madrid side”. pic.twitter.com/SF0rAWPPYh
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) May 9, 2024
Насловните на Мундо Депортиво и Спорт
… e la rimonta del #RealMadrid sulle prime pagine di #MundoDeportivo e #Sport pic.twitter.com/ATYdRJs6UJ
— Giovanni Capuano (@capuanogio) May 9, 2024
Насловните на Марка и Ас.
La rimonta del #RealMadrid vista da #Marca e #As… pic.twitter.com/WZToJjJZJv
— Giovanni Capuano (@capuanogio) May 9, 2024