РЕАЛ МАДРИД - БАЕРН МИНХЕН 2-1 (0:0), вкупен резултат 4:3
/Хоселу 88', 90+1' - Дејвис 68'/
По ремито 2:2 во Минхен, вечерва на „Сантијаго Бернабеу“ во големиот класик на европскиот фудбал, „кралскиот клуб“ славеше 2-1 после пресврт и оди во финале каде ги чека Борусија Дортмунд.
Од почеток мечот изобилуваше со внимателен фудбал на двете страни кои како да го испитуваа пулсот на противникот.
Во игра со многу дуели, прекршоци и гранитни одбрани, првиот дел заврши без голови.
Во поинаков стил започна вториот дел кога Реал Мадрид тргна поотворено, создаде неколку шанси но не ги искористи а Баерн Минхен прв стигна до предност во 66' минута со прекрасниот гол на Алфонсо Дејвис кој влезе од клупата за резерви во првиот дел наместо повредениот Гнабри:
При негатива од еден гол која значеше испаѓање на Реал Мадрид, Карло Анчелоти се реши да потегне адути од клупата. И повторно му успеа испробаниот рецепт, некој од квалитетните резервни фудбалери да му донесе пресврт.
Во игра влегоа Модриќ, Камавинга, Брахим Дијаз и Хозелу, а токму последниов, со гол прво во 88' минута го распали „Сантијаго Бернабеу“ како што одамна некој не го распалил:
Само две минути подоцна, во судиско продолжение, Хоселу одново беше прав на право место и со нов гол му донесе на Реал Мадрид историски пресврт и нов пласман во финале на Лига на шампиони.
Судијата Марчињак од Полска прегледуваше ВАР поради сомнежи за офсајд ситуација но многу брзо го призна голот кој бил чист:
Интересно, Хоселу пред некое време испадна со Еспањол во втора лига, а сега е во финале на Лига на шампиони со Реал Мадрид.
На крајот конечни 2-1 за пласман на Реал Мадрид во ново финале на Лига на шампиони. На „Вембли“ во Лондон на 1. мај ќе се судрат со Борусија Дортмунд која е најголемо изненадување на сезоната откако го елиминираше ПСЖ во полуфинале.
Баерн неколку минути го делеа од ново германско финале против ист ривал и тоа на истиот стадион „Вембли“ во Лондон.
Баварците биле бесни на судењето, особено на ситуација со нивниот гол во длабоко судиско продолжение во 90+13' минута кога судијата Марчињак на асистенција на помошникот судија досуди офсајд и му го поништи голот на Кејн.
Ова е првпат после цели 12 години Баерн Минхен да остане без ниту еден трофеј во сите натпреварување во сезоната:
Disappointment for Bayern Munich.
— Match of the Day (@BBCMOTD) May 8, 2024
This is their first season without a trophy since 2011-12.#BBCFootball #UCL pic.twitter.com/m095BFfH28