Реал Мадрид е дефинитивно неуништлив. После бројни пресврти низ годиниве во самата завршница на Лига на шампиони против Челси, Манчестер Сити и ПСЖ, сега на ред им дојде и Баерн Минхен. Губеше Реал до 89' минута 0-1, за да во две минути направи целосен пресврт и да се пласира во финале на Лига на шампиони. Тоа беше причина за огромно славје на играчите, навивачите и тренерот Карло Анчелоти кој ја пееше клупската химна.