Ќе има ли јунаци што ќе го спречат ваквиот Реал Мадрид?

Го донесоа Мбапе, ама пристигна и Ендрик, голем бразилски талент, договорен во 2022-ра од Палмеирас за ова лето, со цел да стане полнолетен. Добро, кој попрво ќе игра тука?

Карло Анчелоти има 25 играчи меѓу кои тешко може да се каже дека некој е за фрлање и сигурно има многу повеќе од 11 играчи кои заслужуваат првотимски статус.

Нападот изгледа опасно и кој ли ќе успее да го скроти ако изгледа вака: Родриго - Мбапе - Винисиус со подршка на Белингем. Уште па на контра да ги оставиш, не се знае кој од кој е побрз.

Плус допрва доаѓа времето на најмладите како Ендрик и Арда Гулер кој на шесте прилики за настап одговори со 6 гола. Не е лошо нели?

Ако Валверде и Чуамени бидат првотимци, Камавинка и Модриќ со душа ќе чекаат да влезат, а Карло никако не ги утнал ако некогаш од почеток ги стави вториве двајца, без разлика на годините на хрватскиот ас.

Што да каже човек за одбраната? Па зарем Алаба е име за на клупа, па би рекле и голманот Лунин кој се растури од бранење откако се повреди Куртоа.

Впечатокот е дека овој тим е Unstoppable.

30 јули 2024 - 14:15