Килијан во ПСЖ беше во трио со Баркола и Дембеле
Почнувајќи од фундаменталната точка, Мбапе и Винисиус играат на иста страна, високо по лево. И двајцата оваа сезона малку ја променија областа на движење. Со Луис Енрике во ПСЖ, Мбапе играше во напад со Дембеле и Баркола и одеше централно исто како Винисиус.
Винисиус: Со Белингем се разбираме многу добро
„Откако дојде Белингем си ги разменуваме позициите и одлично се разбираме. Имам голема благодарност до Анчелоти за сè што направи за мене откако дојде, а оваа година му се заблагодарувам уште повеќе што ја смени мојата позиција. Никогаш немаше да се видам на местото каде што ме стави и на почетокот ми беше многу тешко. Му велев не, но ме убеди и беше во право. Ме направи подобар играч. Има голема доверба во мене, а јас морав да му верувам што ја смени мојата позиција.
Како беше процесот? Направив нешто што не сум го правел претходно. Гледав многу видеа за да анализирам како играат централните напаѓачи. Се инспирирав од Бензема. Со промената на позицијата работите тргнаа многу добро. Ова е многу добра сезона за мене затоа што за една година еволуирав како играч и чекор по чекор целосно го променив мојот начин на играње“.
4-3-3 или 4-3-1-2?
Постојат две претпоставки во однос на формацијата, 4-3-3 или 4-3-1-2 и двата користени оваа сезона, исто така и во финалето од ЛШ. Паралелно со доаѓањето на Мбапе се случува и збогувањето на Крос, кој е незаменлив архитект. Голманот и одбраната се исти. Куртоа пред Карвахал и Менди како бекови, во средина Рудигер со еден од Милито и Алаба.
4-3-3 со Мбапе и Винисиус на центар и лево
Со оваа формација во средина би играле Валверде и Чуамени, кој би имал предност пред Камавинга и со можно повлекување назад на Белингем на позицијата која ја играше во Борусија Дортмунд. Во таков случај Родриго би играл по десно, а Винисиус и Мбапе помеѓу центар и средина, со можна размена на позициите.
4-3-1-2 со Белингем зад Мбапе и Винисиус
Во овој случај жртва би бил Родриго, кој инаку пред финалето на Вембли изјави дека е подготвен да замине (Сити го чека со отворени раце). Средниот ред би го сочинувале Валверде, Чуамени и Камавинга, пред нив би играл Белингем, а најнапред Винисиус и Мбапе.
Долга клупа: Родриго, Хоселу, Брахим Дијаз, Арда Гулер, Ендрик...
Мора да се внимава и на резервите, бидејќи во напад не е тука само Родриго, туку и Хозелу, кој сезонава даде 17 гола, а Брахим Дијаз, непроценлив играч секогаш кога ќе влезе во игра. Потоа 19 годишниот Арда Гулер, кој има 6 гола од 6 шута и тоа во малата минутажа која ја доби.
Тука е и неговиот врсник Ендрик, кој пристигнува од Бразил после две одлични сезони со Палмеирас. Ова е неверојатно изобилство на играчи во напад и сигурност за постигнување на голови. Освен 34 годишниот Хоселу, останатите меѓу кои Мбапе, Винисиус и Родриго, сите се млади. Нов предизвик за Анчелоти, кој на 65 години ќе мора да го состави новиот Реал Мадрид Галактико.