Куп навивачи на Реал на јуриш без карти, уапсени се над 50

Пак во финале, пак на Вембли и пак истиот проблем. Тогаш со навивачи на Англија, овој пат со оние на Реал Мадрид. На полицијата и редарите неочекувано им се отвори многу работа пред стадион.

Видеата кои се шират на социјалните мрежи, покажуваат како релативно голема група на навивачи на Реал Мадрид се обиделе без карти да влезат на финалето меѓу Реал и Борусија.

Тие ја пробиле првата безбедноста линија, која е прва контрола за покажување на карти. Само дел од нив редарите ги спречиле и ги вратиле назад.

Се појавија и снимки на кој хаосот се забележува и внатре каде навивачите се обиделе да ги пробијат и влезовите за инвалиди, како и оној на кој пишува Клуб Вембли.

Обид на навивачите за влез на Вембли имало дури и после завршувањето на мечот.

ФА во изјава за Скај њуз тврди дека ниту еден поединец без билет не успеал да влезе на стадион поради силното обезбедување од неколку линии.

Полицијата уапсила 53 навивачи од кои петмина за инвазија на терен, а другите за обид за нарушување на безбедноста.

Инаку за да се избегне срамот пред финалето на ЕП 2021, овој пат биле вложени 5 милиони фунти за безбедносна операција на Вембли со таканаречен „челичен прстен“, кој вклучува над 2.000 редари кои правеле засилени проверки на билетите, како и 2.500 полицајци.

Англиските медиуми пишуваат дека тоа е досега најголемата безбедноста операција на славниот стадион во Лондон.

Нападот на Вембли

3 јуни 2024 - 09:36