Foto: EPA
Со гол во 95-та минута, Анхел Кореа извади бод за Атлетико Мадрид откако гостинот имаше водство со погодокот на Милитао во 64-та минута.
Многу глупости се случуваа на дербито во Мадрид кое беше тензично, посебно во вториот дел. Во 69-та минута судијата го прекина мечот и ги испрати фудбалерите во соблекувална.
Причината за тоа беа разните предмети со кои навивачите на Атлетико го гаѓаа Куртоа, откако овој ги провоцираше после нивното водство.
Белгиецот се сврте накај навивачите на неговиот поранешен клуб за да им довикува, а овие возвратија со гаѓање.
Белгијскиот голман најде запалки кои му ги даде на судијата, а во кесата се претпоставува дека имало и фекалии.
Диего Симеоне и дел од играчите на Атлетико се обидуваа да ги смират навивачите, меѓу кои имаше и маскирани, за да може мечот да продолжи.
Откако се доиграа последните 20 минути во кои Реал имаше водство, Атлетико ги постави конечните 1:1, а во 99 минута остана и со играч помалку поради црвениот картон на Љоренте.
🚨 The items thrown at Courtois. pic.twitter.com/lDTGfEFC2q
— Madrid Xtra (@MadridXtra) September 29, 2024
🚨 BREAKING: One of the fans who threw a lighter on Thibaut Courtois had A KNIFE. @elchiringuitotv pic.twitter.com/VYFF1YAL2l
— Madrid Xtra (@MadridXtra) September 30, 2024