Акробација на Мбапе со посвета за Жота и нов убав гол на Гарсија

Реал Мадрид и Борусија Дортмунд одиграа натпревар со 5 гола од кои 3 паднаа во судиско и донесоа драма. Следува пеколно полуфинале. Кралевите на мегдан со европскиот првак.

Младиот Гонзало Гарсија се прослави на ова Светско првенство со четврти гол. Стрелаше протил Ал Хилал, Салцбург, Јувентус и синоќа пак.

21 годишниот напаѓач го отвори резултатот по само 10 минути игра, а 10 минути подоцна водството го дуплираше левиот бек Фран Гарсија.

И кога изгледаше дека тоа ќе биде лесен триумф за кралскиот тим, следуваа три гола во судиско. Максимилијан Бејер намали на 2:1 во 93-та, а Мбапе само минута подоцна, со прекрасен потег го зголеми водството на својот тим.

98 минута, пенал за Борусија и гол на Серху Гираси за конечни 3:2.

Реал Мадрид и ПСЖ играат на 9 јули, а еден ден претходно е првото полуфинале меѓу Флуминенсе и Челси.

6 јули 2025 - 08:59