Атлетико го распарчи Реал со петарда после 75 години

Не се памети вакво мадридско дерби, како ова во 7. коло од Ла Лига. Атлетико Мадрид му даде 5 комада на градскиот ривал по седум и пол децении. Со головите на Мбапе и Гулер, кралевите до 36 минута имаа 1:2 и потоа се распаднаа. Двоен стрелец на мечот Хулиан Алварез, еден од пенал и еден од слободен удар.

 

28 септември 2025 - 08:31