За презентација на летото ја прогласуваме онаа со двете баби

Август е резервиран за трансфери, посебно во последните денови од месецот, кога има трчаници за да се стигне до што подобар потпис. Едно момче од Леванте изненади кога пристигна на Бернабеу.

Реал Мадрид го претстави Карлос Еспи скоро еден месец по потпишувањето на договорот, а интересно 24 часа пред промоцијата постигна гол против Еспањол.

Мурињо го внесе во игра во 80-та минута, а овој даде гол во 90-та за победа од 1:2.

Се работи за 21 годишен напаѓач, кој пристигна од Леванте за 25 милиони евра и кој си замина после 66 настапи и 20 гола.

Еспи позираше со Флорентино Перез покрај богатата колекција на пехари од ЛШ, но на промоцијата ги повика и двете баби.

Се работи за жените кои биле дел од неговиот живот, растењето, како и неговиот фудбалски пат.

Само неколку месеци претходно, тие го бодреа на неговиот последен меч во дресот на Леванте, а овој пат тој возврати со голем гест.

Ги викна на официјалната промоција на Сантијаго Бернабеу, за да застанат гордо со него пред неговиот предизвик на кој се обврза на 5 годишен договор.

Карлос Еспи и двете баби. Фамилијарна сцена за паметење.

Кој е Карлос Еспи - новиот адут од сенка во Реал Мадрид?

31 август 2026 - 14:45