Деби за заборав на Арбелоа, Реал елиминиран од второлигаш

Фудбалерите на Албасете приредија сензација во Копа дел Реј и го исфрлија ранетиот Реал Мадрид, кој пред само неколку дена го загуби Супер Купот од Барселона. Победничкиот гол за второлигашот падна во 94-та минута за конечни 3:2, а го постигна Хефте Бетанкор, кој беше двоен стрелец на мечот.

Албасете ја запишува првата победа во својата историја над 15 кратниот европски првак и оди во четвртфинале. На кралевите предводени од Арбелоа по отпуштањето на Чаби Алонсо, им останува борба на два фронта, Ла Лига и ЛШ. 

15 јануари 2026 - 07:47