ПСЖ ги сопре во ЛШ, Реал Мадрид во Ла Лига. Фудбалерите на Барселона потклекнаа во Ел Класико пред своите навивачи после 9 стартни победи во домашното првенство. Ги реши Килијан Мбапе со голови во 41 и 87 минута. Голот за израмнување го постигна Рафиља во 61-ва. Разликата меѓу ривалите сега изнесува 3 бода.