Се работи за 1968-ма кога холандскиот првак Ајакс му гостувал на Фенербахче во второто коло од тогашниот Европски Куп. Но поради лошите временски услови и силниот дожд, теренот на стадионот во Истанбул бил сериозно оштетен и судиите решиле да го одложат мечот.
Го закажале за следниот ден на 28 ноември и тоа значело дека Ајакс ќе мора да остане во Турција еден ден повеќе. Следниот ден уште врнело, но натпреварот било решено да се игра.
Кога Ајакс се упатил спрема стадионот, возачот на автобусот изгубил контрола на лизгавиот пат и направил судар со таксист. За гостите толку густиот сообраќај бил нетипичен во однос на нивната земја од каде што доаѓаат.
Возачот заедно со играчите на Ајакс се симнале и се влегле во расправија со таксистот. Кројф очајно му објаснувал дека брзаат бидејќи ги чека фудбалски натпревар, но тврдоглавиот таксист не попуштал и чекал да дојде полиција за да направи записник.
На крајот полицајците брзо ја разрешиле ситуацијата и фудбалерите тргнале накај стадион. Теренот и натаму бил во лоша состојба, но Ајакс успеал да победи со 0:2.
Од случката која му претходела на мечот како доказ постојат овие историски фотографии.