Капитенската лента која што Хорхе Пулидо ја носи на секое гостување не е обично парче платно, туку колекција на најубавите симболи од историјата на реонот во кој гостува неговиот клуб Уеска.
На пример Малага ја сметаат за европска престолнина на сарделите (ситни мали риби), па дефанзивецот на Уеска, Пулидо носел таму капитенска лента во боите на рибни скали.
За мечот против Барселона на „Камп Ноу“ клубот Уеска му спремил на капитенот Хорхе Пулидо прекрасна капитенска лента буквално како цела енциклопедија за историјата на Барселона, Каталонија и фудбалскиот клуб.
Уеска направи голем гест и со тоа што подробно го објасни секој елемент на капитенската лента.
Прво целиот дизајн на капитенската лента е во форма на познатиот мозаик на величествениот архитект Антонио Гауди кој многу сакал да прави чудни модели од скршени плочки. Најпознат пример е клупата во култниот парк Гуељ во Барселона.
Уште неколку архитектонски занимливости - некои тротоарни плочнии во Барселона се со облик на цвеќето симбол на реонот Ешампле, најнаселениот реон во Барселона со повеќе од 262.000 жители. Легендарниот архитект Антони Гауди го украсил и тротоарот на улицата Пасаж ди Грасија.
На капитенската лента на фудбалерот на Уеска стои и тој елемент од фамозниот тротоар дизајниран од Гауди
Крстот на Свети Ѓоргија и црвено-жолта боја од знамето на Каталонија се во грбот на Барселона кој најде место на капитенската лента на Пулидо.
Одиме понатаму. За фудбалскиот клуб Барселона исто таа има многу детали на капитенската лента. Ќе почнеме од Ла Масија, легендарната школа која изнедри илјадници бисери.
На капитенската лента Ла Масија е изобразена во обликот на старата зграда на школата на Барселона која 30 години била седиште/база на академијата на Барса.
Има асоцијација и на два познати комплети опрема на Барселона. Првиот портокалова боја во која во 1992-ра година сегашниот тренер на екипата Роналд Куман го освои Купот на Европски шампиони.
Втор елемент е од боите на комплетот од првата сезона на Пеп Гвардиола кога Барса освои дури 6 титули во една година
Маестралните изумители на оваа капитенска лента на Уеска не заборавиле ни на најголемите играчи на Барселона. На лентата има и силуета на коза, како абревиатура, скратеница од GOAT (Greatest of all time/најголемиот на сите времиња), синоним за Лео Меси.
Малку посложен за разбирање е елементот кој алудира на легендарниот Јохан Кројф, еден од најголемите фудбалски умови на сите времиња и голем тренер и играч на Барселона.
Тој многу пушел цигари што подоцна му предизвика и болест, па во еден момент на клупата кога не смеело да се палат цигари (1991-ва) тој лижел лижавче (чупа-чупс). Овој елемент го има на лентата која што синоќа на „Камп Ноу“ ја носеше капитенот Пулидо, во чест на Јохан Кројф.
Интересно, чупа-чупс лижавчето на времето го смислил Каталонецот Енрике Бернат, а логото го нацртал Салвадор Дали.
Este homenaje al mítico trencadís de Gaudí contiene:
— SD Huesca (@SDHuesca) March 13, 2021
🔹 El panot Gaudí y el panot de Barcelona 💠
🔹 Un recuerdo a La Masía 🏡
🔹 El Chupachups de Johan Cruyff 🍭
🔹 El GOAT Messi 🐐
🔹 Las camisetas de Wembley 92 y el Sextete 👕
🔹 La cruz de San Jorge y la cuatribarrada 🏴🟡🔴 pic.twitter.com/VkFTTp3oIm
Бонус:
Во Уеска за капитенска лента при гостувањето кај Реал Мадрид во октомври лани смислија жолтеникава/руса стрела во чест на прекарот на Алфредо Ди Стефано, најголемата клупска легенда на Реал Мадрид.