Најкреативниот капитен во Европа - носи разни ленти со географски знаменитости од градот каде играат

На прекрасен начин капитенот на шпанскиот второлигаш Уеска ја пренесува географијата на исконска Шпанија.

Познатата новинарка Александра Џонсон која будно прати случувања во Ла Лига, напиша цела нишка за она што најмногу ја воодушевило сезонава во Шпанија.

На секој гостински натпревар сезонава, капитенот на Уеска Хорхе Пулидо излегува со нова капитенска трака. На секоја од нив има инспиративни знаменитости од градот или провинција каде гостува неговиот клуб Уеска.

Многу интересна идеја.

ЛАС ПАЛМАС

Против клубот од Канарски острови на лентата бил истакната Канарска млечика - растителен симбол на островот Гран Канарија. Точките претставуваат плодови од млечика.

АЛМЕРИЈА

На северот од Алмерија (медитерански град во југо-источна Шпанија) се наоѓа пустината Табернас каде што е сниман легендарниот вестерн „Доларска трилогија од Серхио Леоне со Клинт Иствуд, Марио Брега и музика од Енио Мориконе.

НУМАНСИЈА

Сорија е град во кој игра Нумансија, познат од книгата „Планина на душите“ од легендарниот шпански романсиер Густаво Адолфо Бекер. Според легендата, една девојка изгубила сина украсна трака и го замолила саканиот да ја пронајде.

Капитенот на Уеска Хорхе Пулидо затоа при гостувањето кај Нумансија носел лента која покажува сина украсна трака.

ЕСТРЕМАДУРА

Овој клуб е од градот Алмендралехо каде што се родил познатиот поет Хозе де Еспронседа, автор на познатата Canción del Pirata (Песна на пиратите).

КАДИЗ

На оваа капитенска лента, една од поубавите на капитенот на Уеска, фокусот е ставен на една фолклорна уметничка игра од градот Кадиз. Посветена е на Маноло Сантандер кој бил најпознат во овој вид фолклорна сатирична игра и е дел од химната на фудбалскиот клуб Кадиз. Тој починал минатиот септември.

На капитенската лента се претставени струни (жици) од музички инструменти.

ЛУГО

За Луго избран е големиот Римски Ѕид којшто го штити стариот дел од градот. Овој Римски Ѕид е останат единствен комплетно сочуван на светот и затоа е прогласен за Светско културно наследство на УНЕСКО во 2000-та година.

ТЕНЕРИФЕ

Туристите на островот Тенерифе редовно одат кај местото Drago de Icod de los Vinos за да го видат најстариот вид на Dracaena draco, дрво стари илјадници години. Ова дрво е симбол на Тенерифе и е прогласено за национален монумент во 1917 година.

ФУЕНЛАБРАДА

Називот на овој град е скратена форма од Fuente Labrada (Разни фонтани) и е поврзан со бројните резбани фонтани.

АЛКОРКОН

Овој град е познат по долга традиција на грнчарство и стари грнчари. Грниња има и на самиот грб на градот Алкоркон.

МИРАНДЕС

На капитенската лента фудбалерот на Уеска кога гостувале во Мирандес бил претставен мостот Карлос III, којшто се наоѓа на реката Ебро во градот Миранда де Ебро во провинцијата Бургос.

ЕЛЧЕ

На капитенската лента е претставена Дамата од Елче (Dama de Elche) - познат историски споменик од ибериската култура. Споменикот варовник датира од IV век а откриен е во 1897-ма година во една богата колекција.

ОВИЕДО

Овиедо е град преполн со мали статуи и скулптури од кои секоја има своја историја. Таму е можно да ги видите четирите најпознати скулптури во тој реон: Culis Monumentalibus, La Regenta, Rufo и La Maternidad.

ПОНФЕРАДИНА

Овој фудбалски клуб се наоѓа во градот Понферада, град познат по благородни руди. Понферада е центар за ископ и транспорт на јаглен. Во 2019-та година градот славел 100-годишнина од основањето.

ЖИРОНА

На капитенската лента е преставена Коста Брава, брег кој го добил името благодарение на Феран Агиљо, новинар од Жирона. Тој во една статија за каталонскиот весник La Veu de Catalunya во септември 1908-ма година пишувал за нерамен предел на Медитеранскиот брег кој го нарекол Коста Брава.

РАЈО ВАЉЕКАНО

Не треба многу објаснување за црвената молња, симболот на Рајо Ваљекано, најлевичарскиот град (предградие на Мадрид) во Шпанија.

МАЛАГА

Малага е најпозната по рибите сардели (анчовиси) па затоа и фудбалскиот клуб Малага има прекар 'los boquerones'. Затоа капитенската лента на капитенот на Уеска се фокусира на кожа од сардели.

АЛБАСЕТЕ

Капитенска лента во чест на големиот шпански режисер Хозе ЛКуис Куерда кој бил продуцент, сценарист и режисер од Албасете. Починал во февруари 2020, а на лентата е претставен кадар од еден од неговите филмови.

САРАГОСА

Уеска и Сарагоса го претставуваат регионот Арагон па затоа на капитенската лента е претставено знамето на Арагон да се слави Дербито на Арагонес. Знамето е претставено како се вее на ветер затоа што Сарагоса е позната и како екстремно ветровит град.

ДЕПОРТИВО

Во Ла Коруња се наоѓа Torre de Hércules - најстариот римски светилник којшто е во функција до ден-денес и е главен симбол на градот.

Како уважување кон противникот на теренот, Уеска ќе ја продолжи оваа пракса и на домашните натпревари па така секој гостин ќе биде пречекан со живописни цртежи кои ќе ги сликаат луѓе со ограничени можности од локалното здружение.

Сиижето на секој постер ќе треба да оддаде почит на ривалот. Пример „Кулата на Херкулес“ од Ла Коруња, стадионот во Хихон „Ел Молинон“ кој се наоѓа на место на стара мелница како и Фуенлабрада, главен град на спортот во Европа за 2019-та година.

Обично капитенот на Уеска Пулидо на домашните натпревари носи секојдневна капитенска лента. Единствен исклучок направил во првото коло по рестартот на шпанскиот фудбал, кога на домашниот меч на „Ел Акорас“ им изразил благодарност на хероите на оваа 2020-та година.

На 4 кола пред крајот на шпанската Сегунда, Уеска е на трето место кое што е зона на плејофот. Уеска има 61 бод. Сарагоса која што е на 2 место кое води директно во Ла Лига има ист број на бодови но и натпревар помалку.

Можно е веќе во следната сезона на капитенската лента на Хорхе Пулидо да ја гледаме Ла Рамбла во Барселона или плоштадот Сибелес во Мадрид.

До крај Уеска има уште две гостувања: против Спортинг Хихон и Расинг Сантадер, така што чекаме нови географски занимливости.