Барселона била заинтересирана за Јохан Кројф на крајот од 60-те. Го препорачал Вик Бакингем, англиски тренер на Камп Ноу во тоа време, кој му овозможил на Кројф да дебитира за Ајакс на 17 години.
Меѓутоа тогаш во шпанскиот фудбал постоела забрана за странски увоз. Сепак, претседателот Агусти Монтал и неговите соработници и пришле на холандската суперѕвезда, која очигледно била многу заинтересирана некако да се пресели кај нив.
Набргу потоа било планирано ограничувањата за странските фудбалери да се олеснат, иако постоело загриженост дека тоа може да доведе до ненадеен пораст на трошоците за трансфери.
Барса се обидела да го затвори договорот со воведување на клаузула во која стоела дека сè ќе зависи од одлуката на Националната спортска делегација.
На почетокот на 70-те, потпишале приватен договор со Ајакс и Кројф, кој требал да истече на 30 јуни истата година.
Сепак иако се очекувало собранието на шпанските клубови едногласно да гласа за отворање на границите за странските фудбалери, нешто се случило и ги натерало да се предомислат. На 9 март ги изненадиле сите со гласањето за продолжување на забраната.
ПОТЕКЛО
Ситуацијата била решена во голема мера благодарение на нејаснотијата на законот што од крајот на 60-те дозволувал потпишување на играчи од Јужна Америка.
Сè додека биле деца на шпански родители и не освоиле меѓународни натпревари за нивните деца, ги сметале за „домородци“ и можеле да бидат потпишани.
Пристигнале дури 60 такви играчи, многу од нив со лажна документација. Додека во Барселона постоело екстремно испитување, на другите клубови им било дозволено да се извлечат со секакви матни зделки.
Агусти Монтал бил толку навреден што нарачал студија од двајца адвокати кои заклучиле дека од 60 „домородци“, 46 се сомнителни затоа што пристигнале со фалсификувани изводи од матичната книга на родени или биле регистрирани по најнеполовни процедури.
Претседателот на Барселона се заканил дека ќе го објави овој извештај и иако било потребен долг период на притисок, администрацијата на крајот признала.
Во мај 1973-та, по налог на Министерството за надворешни работи во време на генералот Франко, шпанската фудбалска репрезентација одобрила ангажирање на странски фудбалери од сезоната 1973/1974.
Кројф, конечно бил слободен да дојде. Но потоа клубот морал да се врати на преговарачката маса. Тој веќе станал големо име и многу големи клубови од Европа се интересирале за него.
Кројф три пати во низа го водеше Ајакс до трофеј во Европскиот Куп на шампиони и било сосема природно клубови како Баерн Минхен, Реал Мадрид и Јувентус да бидат заинтересирани за неговите услуги.
НИТУ АМСТЕРДАМ НИТУ ЛА КОРУЊА
Агусти Монтал и Арман Карабен, извршен директор на Барселона кој бил во брак со Холанѓанката Марџори Ван де Меер, отпатувале во Амстердам за да се обидат да го ангажираат по втор пат. Но претседателот на Ајакс, Јап Ван Праг, јасно ставил до знаење дека не е заинтересиран за продажба.
Каталонците, кои во меѓувреме го потпишале Перуанецот Уго Сотил, биле толку убедени дека нема да го добијат својот човек, што се насочиле кон напаѓачот на Баерн, Герд Милер.
Но Германската федерација не им дозволила на своите играчи да заминат пред Светско првенство во 1974-та година. Во меѓувреме, Кројф бунтувал и храбро вршел притисок врз Ајакс да го пушти таму каде што тој избрал.
Бил толку упорен што Ван Праг сфатил дека нема друга опција освен да го продаде. Се сретнал со Карабен во Ла Коруња, каде Ајакс играл за трофејот Тереза Херера.
Се чинело дека договорот ќе се случи брзо, но состанокот траел околу 15 минути. Првиот човек на Ајакс барал 3 милиони долари, преголема сума за тоа време. Карабен одбил.
ЈОХАН БУНТОВНИК
Неколку дена пред овој состанок, на 28 јули 1973-та, Кројф и Барса постигнале приватен договор во канцеларијата на адвокатот на играчот кој бил валиден само доколку има договор за трансфер со Ајакс пред 10 август.
Тоа го натерало холандскиот напаѓач да направи нов потег во обидот да го облече каталонскиот дрес.
„Или ќе одам во Барса или ќе ги закачам копачките. Ако Ајас не сака да ме продаде, ќе одам на суд“, изјавил Кројф, кој му телефонирал на Карабен, а овој го прекинал одморот за да отпатува во Амстердам.
Ајакс и Барса биле осудени да се разберат повеќе од кога и да било, но Ван Праг не сакал да ја пропушти шансата да оствари преголема финансиска добивка. На новиот состанок со извршниот директор на Барселона побарал 2 милиони долари, сè уште далеку и повеќе од она што Карабен бил подготвен да го плати.
Кројф долеал масло на огнот навестувајќи пред печатот дека нема да игра против Гронинген во првото коло од холандското првенство. Но тој не само што настапил, туку постигнал два гола и направил асистенција. Разводот од Ајакс веќе бил како готов и исчистен од прашина.
13 АВГУСТ 1973 ГОДИНА
Ден по натпреварот во Гронинген, на 13 август 1973 година, Ајакс и Барса се сретнале во хотелот Алфа во 12:30 часот. Но, во 11 часот истиот ден, Ван Праг се сретнал со Кројф во хотелот Есо, кој се наоѓа многу блиску до Алфа, и му понудил значително подобрен договор, како и капитенска лента. Но, играчот бил категоричен дека сака да замине во Барселона, не само од финансиски причини. И затоа рекол „не“, кога четворица холандски бизнисмени веднаш реагирале нудејќи му иста сума што ќе ја добие во Барса. Ајакс бил матиран.
Во 12:40 часот, средбата започнала во собата 1.043 на Алфа. На едната страна извршниот директор на Барса, Арман Карабен и тренерот Маринус Михелс. Од другата страна, претседателот на Ајакс, Ван Праг и двајцата економисти, Де Бур и Де Вит.
Нестрпливо чекале во барот на хотелот Јохан Кројф, неговиот адвокат, Јонкер, неговиот агент, Кор Костер и сопругата на Карабен, Марџори Ван дер Меер. Средбата траела повеќе од три часа и Карабен два пати излегол за да му се јави претседателот Монтал. Конечно, во 15:55 часот, претседателот на Барса, видно возбуден соопштил дека работата е завршена.
ДЕБИ НА 28 ОКТОМВРИ 1973 ГОДИНА
Официјалното деби на Јохан Кројф во дресот на Барса требало да почека два и пол месеци, откако ќе заврши периодот за потпишување играчи, на 13 август.
Работата предизвикала жестока дебата во Холандија бидејќи Холандската федерација, со Јап Ван Праг зад сето тоа, одбил да го одобри трансферот на фудбалерот, тврдејќи дека тој морал да биде обработен помеѓу 1 и 31 јули.
Претседателот на Ајакс продолжил да созвада непријатности една по друга. Во секој случај, иако не можел да игра на официјални натпревари, Кројф се појавил на четири пријателски натпревари против Бриж, Кикерс Офенбах, Арсенал и Оренсе, а тие натпревари биле толку многу посетени што веќе почнале да се враќаат парите за неговиот потпис.
Конечно, Холанѓанецот го направил своето официјално деби за Барса на 28 октомври 1973 година, против Гранада. И тоа беше датумот кога историјата на Барса навистина се промени засекогаш.