Што рече Јохан Кројф за Венгер пред 5 години

Работата на Арсен Венгер веќе со години е предмет на расправа во медиумите и меѓу навивачите кои силно притискаат и апелираат дека треба да си замине. Холандската легенда не мислеше така.

Во 20 години престој Арсен Венгер на Арсенал му донесе само три титули во Премиер лига, во 1998-ма, 2002-ра и последната 2004-та. Освен што постот во домашното првенство трае 13 години, тој нема освоено ниту еден меѓународен трофеј.
 
Јохан Кројф во декември 2012-та изјави дека се воодушевува од политиката на работа на Манчестер Јунајтед и Арсенал бидејќи форсираат стратегија со ист тренер на долги стази.
„Луѓето не се свесни за остварувањето на Арсен Венгер во Арсенал.
 
За мене е неверојатно што Арсенал остана на највисоко ниво на Европските натпреварувања и Англија под негово раководство, без воопшто клубот да заврши во долгови.
 
Колку клубови во Европа можат да кажат дека 16 пати по ред се пласирале во Лигата на шампионите со еден ист тренер? Арсен Венгер ги остави својот живот и душа во Арсенал.
 
За 15 години, јас не сум видел да прави некое неодговорно трошење на трансфер пазарот.
 
Затоа работата на Арсен Венгер во Арсенал е одличен пример за секој клуб во Европа.
 
Не можам да замислам дека бордот на директори или навивачите некогаш помислат да ја стават под знак прашалник позицијата на Венгер“.
26 март 2017 - 20:56