Фудбалскиот времеплов никако не може да игнорира датум како 7 јули 1974-та, денот на кој пред точно 50 години во Минхен се ракуваа Јохан Кројф и Френц Бекенбауер.
Великани на европскиот и светски фудбал кои засекогаш ќе бидат вбројувани меѓу најголемите. Поводот беше мундијалско финале. Поголем и не можеше да биде.
Го решија Пол Брајтнер и Герд Милер, имиња кои исто така мора да се знаат. Првиот е еден од петмината во историјата кој има дадено гол во финале на две Светски првенства.
Головите вредни светска титула ги постигнаа после раното водство на Холанѓаните од пенал уште во 2 минута. Стрелец Јохан Нескенс.
Колку тежина има клипот од 17 секунди со ракувањето на Кројф и Бекенбауер, ќе сфатите од основните информации за нив.
Фекенбаеур е поим за германски фудбал и општо за одбрана, како и еден од деветмината кој има освоено Светско, ЛШ и Златна топка.
Се работи за стар ков на фудбалски столб кој почнал како играч од среден ред, а се прославил како центархалф. За него се вели дека ја измислил позицијата либеро.
Тој е еден од тројцата кој освоил Мундијал како играч и селектор (1974 и 1990) и прв капитен кој станал светски и европски првак, како и клупски европски шампион. Три пати по ред славеше во ЛШ со Баерн. Почина на 7 јануари годинава, на 78 години.
Ако Бекенбаеур ја измислил позицијата либеро, Кројф е пропагатор на фамозниот „тотал фудбал“, систем кој го внесе во Барселона и кој го усоврши Пеп Гвардиола.
Франц ја освои Златната топка во 72` и 76`, а Јохан 71`, 73` и 74`. И тој е трикратен клупски првак, но со Ајакс, со кој има 8 шампионски титули, како и 257 гола и над 170 асистенции.
Уште во првата сезона во Барселона во која направи рекорден трансфер, ја освои Ла Лига и Златната топка и блесна со 60 гола и 83 асистенции.
Негото име е тесно поврзано со Ајакс и Барселона и како играч, но и како тренер. Со холандскиот тим има три трофеи освоени во три години, а со Барселона уште 11 во 8 годишен период. Почина на 24 март 2016-та на 68 години.