„За да може да напаѓате треба да се браните одејќи во напад и за да го направите тоа, треба да извршите притисок врз противникот кој ја води топката. За секој да може што полесно да води топка, треба да се создадат што е можно повеќе линии. Ако еден играч има посед на топка треба секогаш да има еден придружник пред него и еден на неговата страна. Просторот меѓу тој што ја води топката и двајцата придружници не треба да надмине растојание од 10 метри. Ако се подалеку, ќе се зголеми ризикот да се загуби топката“.
Со вакви едноставни зборови, Јохан Кројф даваше краток опис за неговата идеја за офанзивна игра, а неговата идеја беше Ајакс.
За тие што сакаат ваков фудбал, синоќа беше задоволство да се гледа играта на Ајакс. Игра со висок пресинг, карактер, прецизни додавање и способност да се владее просторот и времето на играта.
Беше задоволство да се гледа како момците на Де Лигт го напаѓаат противникот на негова половина.
Беше задоволство да се гледа како Де Јонг ја игра топката 117 пати со 91% на успешни додавања, а истовремено одзема 17 топки.
Беше задоволство да се гледа способноста на Тадиќ да управува со времето на тимот и да ги турка во напад соиграчите.
Беше задоволство да се гледа како постојано градат акции тргнувајќи од позади, ама со нагазена топка и со концепт, без разлика дали погрешиле во претходната акција.
Други се екипите кои ги освојуваат трофеите, ама Ајакс остава дефинитивно една убава слика за фудбалот, допадлива за секој.
И уште нешто:
Frenkie de Jong vs. Juventus
— Marc Geschwind (@MGesch13) April 11, 2019
"Frenkie de Jong is the real source of Ajax's game. We tried to control him with Bentancur, but when he understood that, he moved deeper and the forwards had to work hard. He played very well." - Massimiliano Allegri pic.twitter.com/YuqicdiaTR