Novel Teas произведува црн чај, при што секоја од 25-те ќесички во пакетчето содржи цитат од познати книжевни дела.
Супер комбинација на нашата љубов кон добрата капка (за која веќе пишувавме, и пак ќе) и книгите. Идеја за домашните производители на чај: исти вакви од локални билки (липа,нане, кантарион) со цитати од наши автори. Замислете пиете чај од пиреј, и читате извадок од Петре.
Еве неколку цитати за чајот, некои од нив и на овие ќесички:
„Никогаш не можете да ми дадете доволно голема шоља чај или доволно голема книга за да ме задоволите"
К. С. Луис
„Има само неколку часови во животот од часот кој е посветен на церемонијата позната како попладневен чај."
Хенри Џејмс (во „Портрет на една дама")
„Има многу поезија и фино чувство во голтка чај"
Ралф Валдо Емерсон
„Му викам на светот да оди по ѓаволите, но морам да си го испијам чајот"
Достоевски (во „Белешки од подземјето")
„Една шоља чај ќе ми ја поврати нормалноста“
Даглас Адамс
„Земи уште чај", ѝ рече Мартовскиот зајак на Алиса. „Уште не сум зела", му одговори Алиса со навреден тон, „па не можам да земам повеќе"
„Мислиш, не можеш да земеш помалку", рече Зајакот, „лесно е да земеш повеќе од ништо"
„Никој не те праша за мислење", рече Алиса.
Луис Керол (во „Алиса во земјата на чудата")
„Стварно, ако ти е даден избор меѓу Армагедон и чај, не треба да прашуваш 'А каков чај?'"
Нил Гајман