Денот на крпата се слави секоја година на 25. мај во чест на Даглас Адамс, авторот на култниот Автостоперски водич низ галаксијата. Првата „прослава" е оддржана 2001., две недели по смртта на Адамс. Причината зошто е одбрана токму крпата, е значењето кое тој ѝ го придава како дел од опремата на секој обучен галактички патник. Како што се вели во книгата: „Крпата има голема практична вредност. Можете да се завиткате во неа додека минувате преку студените месечни на Џаглан Бета, можете да лежите на неа на сјајните мермерно-песочни плажи на Сатрагинус 5, можете да спиете на неа под ѕвездите кои сјаат во пустинскиот свет на Какрафун, да ја употребите во сурова борба рака-на-рака...Но поважно од тоа е што крпата има огромна психолошка вредност. Заради нешто, доколку еден не-автостопер открие дека автостоперот има своја крпа, тој автоматски ќе претпостави дека тој исто така има паста за заби, крпче за лице, сапун, кутија бисквити, термос, компас, мапа, јаже, спреј против инсекти, опрема за влажно време, вселенско одело итн итн. Потоа тој ќе биде подготвен да му позајми било што од ова на автостоперот ако тој „случајно" го има загубено. Она што го мисли неавтостоперот е дека ако некој може да стопира вдолж и попреку галаксијата, да се бори против страшните сили, и да победи, а сепак знае кај му е крпата, секако е човек вреден за признание".
Во прилог уште неколку цитати, некои од нив пророчки, на Даглас Адамс. Крпите околу појас, и правец автостопирање, низ галаксијата.
Заглавени сме со технологија, кога она што навистина го сакаме се само предмети кои работат.
Решенијата речиси секогаш доаѓаат од најнеочекуваната насока, што значи дека нема поента да гледате натаму, затоа што решението нема да дојде од таму.
Времето е илузија. Времето за ручек е двојна илузија.
Шансите да се открие што навистина се случува во вселената се толку мали, што единственото нешто што може да го направите е да се држите до некакво чувство за истото, и постојано да бидете зафатени.
Генерално, старовремските медиуми не изумираат. Тие само елегантно стареат. Замислете, сè уште имаме каменоресци. Тие веќе некое време не се примарните запишувачи на зборовите, но сè уште играат голема улога, затоа што сигурно не сакате ТВ екран на вашиот гроб.
Ги сакам роковите. Го сакам отсечниот звук кој го прават кога минуваат крај мене.
За момент, не се случуваше ништо. Потоа, по секунда или две, ништото продолжи да се случува.
Тој беше сонувач, мислител, спекулативен филозоф...или, како што тоа го велеше жена му, идиот.
Не верувам во тоа. Докажи ми го, и повторно нема да верувам.
И за крај, омилената, тешко преводлива:
Можеби не заминав онаму каде што сакав, но мислам дека завршив онаму каде што имав намера.