Диего денес полни 58 години а во таа чест се потсетуваме на некои од неговите легендарни цитати:
Happy birthday #Diego! 🎂#HBDiego 🎉 pic.twitter.com/QusXyL8cOM
— Official SSC Napoli (@sscnapoli) October 29, 2018
„Ако умрам, повторно ќе се појавам во светот како Диего Армандо Марадона. Јас сум фудбалер кој им носи среќа на луѓето и за мене тоа е повеќе од доволно“.
„Посрав сè што имав. Сега само му се насладувам на семејниот живот.“
„Жена ми никогаш не сум ја изневерил. А и да сум го направил тоа, никогаш не би признал.“
„Дури и во Бразил Пеле е втор најдобар спортист во историјата после Ајртон Сена. Тој е роден да биде втор! Како во светскиот фудбал така и во бразилскиот спорт.“
„Луѓето немаат појма дека стотина други деца играат исто како Бекам по прашливите улици во земјите од третиот свет.“
„Добро е што во светот има хомосексуалци. Така за нас ќе има повеќе убави жени.“
„Кога земав кокаин им правев услуга на своите противници.“
„Да, се побунив против Римскиот Папа. Тоа беше зошто отидов во Ватикан и видов таму златни кровови а потоа Папата зборуваше за тоа дека Црквата се грижи за сиромашните деца... Па, по ѓаволите, продај ги крововите златни и направи да нема гладни деца!“
„Едно време изгубив контакт со реалноста. Ги издадов ќерките. Кога си под наркотици, не го чуствуваш времето. Мислиш дека се е добро, но се лажеш. Се сметаш за супермен и тоа е лага. Ти викаат дека се е во ред но ти сфаќаш дека немаш појма што се случува околу тебе. Јас не бев ни добар син, ни татко ни маж. Но моите најблиски ме спасија. Зависноста може да се победи само со љубов.“
„Не сум им помагал. Приказната за тоа дека камора (мафијата) се договорила за соработка со Јужноамериканците благодарение на мене е глупост. Бев нивен играч (на Наполи) и ми кажаа дека ќе ме штитат. Просто сум запрепастен од тоа што произлезе. Тоа беше неверојатен свет, волшебен и примамлив“, рекол Марадона за животот во Неапол додека играше за Наполи.