Во лудиот свет на Елон Маск

Додека стигне книгата за подемот на дотком милијардерот, низ неколку цитати за ставовите на Елон Маск за девојките (им треба 10 часа внимание неделно) и за електричните автомобили (тие бараат многу повеќе).

 

Елон Маск е милијардерот кој го основа PayPal, а потоа стана пионер и во вселенските патувања и во областа на електричните автомобили. А има само 43 години.

Со овој феномен се бави книгата Ашли Ванс во книгата за Маск ("фасцинантен поглед во неговиот свет", пишува британски Телеграф), но и низ само неколку цитати може да се ѕирне во компулсивната и воркохоличарска природа на овој уникатен карактер.

"Мора да си најдам девојка. А за тоа треба да одвојам време. Пет до десет часа - колку на девојките им е потребно неделно? Можеби 10 часа? Тоа е некаков минимум? Неам појма."

 

"Земав одмор и извлеков поука. Одморот може да ве убие", Маск откако навлече маларија по одморот во Јужна Африка во 2010-та година. 

 

Мислам дека втората реченица која излезе од неговата уста беше "Многу мислам на електрични коли." Потоа се сврте кон мене и ме праша: "Мислиш ти на електрични коли?". Кристи Николсон, за нивното запознавање на некоја забава.

 

Знае да се задлабочи и сфаќаш дека отишол во некој друг свет. Уште го прави тоа. Сега го оставам на мир бидејќи знам дека во главата прави некоја ракета или слично. - мајка му.

Имам менталитет на самурај. Попрво би извршил харакири отколку да не успеам. - Елон Маск.

 

Би им рекол на тие луѓе дека ќе имаат многу време да се гледаат со своите семејства кога ќе банкротираме - Рајан Попл се сеќава на реакцијата на Маск на некои вработени во Тесла дека многу работат и немаат време за дома.

 

Тој е како бездомник што знае да биде забавно. Знае да ми пише меил: "Не знам каде да преспијам, вечер. Може да дојдам?" Уште му немам дадено клуч. - Лари Пејџ од Гугл.

Памтам дека еднаш ми кажа: Да си со мене е тешка работа. Во тоа време не разбирав што сака да каже ама сега ми е јасно. Многу тешко, многу лудо возење. - Талула Рајли, жената која двапати се земаше и двапати се оставаше од него.

15 мај 2015 - 10:10