Таг: сиваспор

Сиваспор прими 4 од Фиорентина, ама евроголот е на Ердоган

Педро од Спортинг го има еден од најјаките голови за неделава на меѓународна сцена. Ама за почит  е и оваа бомба на Ердоган Јешиљурт против Фиорентина, кој само им даде лажна надеж на навивачите. Сиваспорт загуби во Конференциска лига 1:4 и е елиминиран со вкупни 1:5.

Турска лакрдија на две средби, исходот е раскрварен нос и повредена глава

Навивачите на Фенербахче и Сиваспор синоќа беа ужасни домаќини на меѓународна сцена. Настрадаа Марко Дмитровиќ од Севиља (пак) и Алесандро Бјанко од Фиорентина.

Турција ли е ова или Кратово?

Аланијаспор и Сиваспор уживаа во прецизната пас игра слично како Струга и Силекс зимово. Тој во барата од што е свесен ќе му заглави топката, фати да ја жонглира, ама пак ја заеба, па потоа и тој после него и така...

Колку играчи на Сиваспор во бели дресови гледате на снегов?

На мечот Истанбул Башакшехир - Сиваспор (1:1) во турската Суперлига се било во ред до 20' минута, но почнал да паѓа снег па гостите едвај се познавале со бели дресови.

Ти на мене снимка од мобилен, јас на тебе црвен картон

Во меч од 15. коло од турската Супер лига, Бешикташ со 3-0 го совлада Сиваспор и ја продолжи трката за самиот врв со Галатасарај. Гостите на полувремето останаа без Хакан Арслан кој се правеше паметен па на судијата му покажуваше снимки од мобилен телефон за спорни ситуации.

Го видовте ли турскиот Роберто Карлос?

Буџаспор го победи Сиваспор со 1-0 и оди понатаму во турскиот Куп. Единствениот гол на мечот го даде бекот Абдулах Баликув којшто распали од мртов агол во стилот на Роберто Карлос. Буџаспор игра во третата турска лига.

Страшен еврогол во турската лига

Генчлербирлиги го победи Сиваспор со 4-0, а водечкиот гол кој го даде Петар Шкулетиќ во 12’ минута се најде на сите најавни шпици.