Домаќините кои играа во Лига на шампиони сезонава, повеле преку Даниел Алексиќ во 38' минута, а гостите само 4 минути подоцна израмниле со гол на Хакан Арслан.
На полувремето работниците на стадионот го чистеле снегот на теренот но не помогнало многу. Судијата Алпер Улусој не го прекинал мечот иако сите очекувале прекин.
„Натпреварот се одигра во тешки услови. До крај чекавме судијата да го одложи мечот, но доигравме до крај“, вели шпицот на Башакшехир Демба Ба.
А можеби и судијата видел прогноза дека снег во Истанбул ќе има и во недела.
Еве како изгледал мечот во вториот дел:
Колку играчи во бели дресови гледате на сликата?
Башакшехир играл во основната комбинација портокалово-рна, а Сиваспор во гостинскиот целосно бел комплет. Немале алтернатива со себе.